После 866 одиграни натпревари во кои постигна дури 511 голови, Златан Ибрахимовиќ одлучи дека е време да стави крај на својата богата кариера. Започна во шведски Малме, а потоа играше за многу европски гиганти-Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, ЛА галакси, па се врати во Милан, каде што и ја заврши кариерата.

Во репрезентативната кариера за Шведска одигра 122 средби, а постигна 62 погодоци.

Од над 550 погодоци, Ибрахимовиќ има постигнато многу спектакуларни голови, но сепак пет се посебно за одбележување.

Како играч на Ајакс на дуелот против НАК Бреда во 2004 година го направи еден од најспектакуларните соло продори и успеа да постигне гол.

Истата 2004 година, Златан на Европското првенство даде гол за памтење во дуелот против Италија.

 

Во репрезентативниот дрес постигна уште еден гол што сите го знаат и е за восхит. На пријателскиот дуел против Англија, Шведска победи со 4:2, а последниот беше вистинско ремек-дело.

 

Во дресот на ПСЖ, Швеѓанецот постигна четири гола против Андерлехт во Лигата на шампионите, а еден од тие погодоци беше „бомба“.

 

Како играч на Лос Анџелес галакси, Ибрахимовиќ јубилејниот 500-ти гол во кариерата го постигна на мечот против Торонто, а тој е и во најубавите Топ 5.