Кралскиот клуб Реал Мадрид започна со креирање на тимот за следната сезона. Засилување за одбранбената линија, односно на позицијата лев бек треба да биде Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Тој е репрезентативец на Канада, има 22 години, а според Трансфермаркет вреди 70 милиони евра.

Дејвис има договор со Баерн до 2030-тата година, но пред извесен период изјави дека се чувствува осамено во Минхен и дека сака да си замине. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да го доведе на “Сантијаго Бернабеу“.

Трансферот на Дејвис во “кралскиот“ клуб веројатно ќе значи дека Менди ќе си замине од Реал.