Пари Сен Жермен по Марко Асенсио од Реал Мадрид кој доаѓа како слободен играч и од претходно договорениот Милан Шкринијар од Интер исто така како слободен играч, има и трето засилување за новата сезона – Уругваецот Мануел Угарте.
Угарте од 2021 година е член на Спортинг Лисабон, а Челси сакаше да го ангажира, но ПСЖ им го украде на лондончани. Според информациите на Фабрицио Романо, Челси пред 12 часа се откажал од опцијата за ангажман по долгите преговори, а ПСЖ за 60 милиони евра сега ќе го ангажира.
Станува збор за дефанзивен фудбалер за врска кој импресионираше со настапите во Португалија, и е уругвајски репрезентативец и дете на Пењарол.
Според најавите веќе има закажани лекарски прегледи и се очекува наскоро официјализација на трансферот. Угарте ќе потпише договор до 2028 година.