Започнаа квалификациите за овогодинешниот Вимблдон, и може да се рече го имаме поенот на турнирот. Во првото коло на дуелот помеѓу Јапонецот Таро Даниел и аргентинскиот претставник Марко Трунџелити.
Даниел го доби мечот со 2-0, по сетови 6-2 и 6-4, а еден од поените беше навистина спектакуларен и ја одушеви публиката која ги поздрави актерите на теренот со громогласен аплауз.
Двајцата тенисери вложија максимален напор, а Јапонецот успеа да го освои поенот после неколку маестрални потези на двете страни. Таро Даниел беше презадоволен и го прослави освоениот поен заедно со публиката, иако имаше уште многу да се игра до крајот на дуелот.
Прекраснаа увертира за главниот турнир на неофицијалното тениско Светско првенство. Овогодинешниот Вимблдон ќе започне на трети јули, а главни фаворити во сингл се Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз.