Поранешниот колумбиски фудбалер Фреди Ринкон почина во средата во Кали како последица на сообраќајна несреќа, соопшти локалната болница.
Ринкон (55) беше пренесен во локалната болница во критична состојба во понеделникот, по судир на автобус и комбе во кое патувал.
„И покрај сите напори на нашиот медицински тим, пациентот Фреди Еузебио Ринкон Валенсија почина денеска“, се вели во соопштението на клиниката Кали.
Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред, меѓу другите играше за Реал Мадрид (1995-1997), Наполи, Палмеирас и Коринтијанс.
Тој беше капитен на колумбиската репрезентација и член на генерацијата која се квалификуваше на три последователни светски првенства (1990, 1994 и 1998 година).