Фудбалската федерација на Украина, ги претстави специјалните дресови со кои репрезентацијата ќе игра во баражот за Светско првенство против Шкотска на 1 јуни, а на дресот се најде и македонското знаме.
Украинците сакаа на сите земји кои им дадоа поддршка, да им се заблагодарат со тоа што ќе го стават нивното знаме на дресот, па меѓу другите, ќе биде и македонското знаме. Тука е и пораката „Обединети за Украина“.
Дресот им пречи само на Србите кои велат дека ова е провокација, бидејќи на него се појавува и знамето на Косово, кое тие го сметаат за своја територија. Инаку, на дресот го има и српското знаме.
На дресот пишува и У24, кое значи најава за потенцијален влез на Украина во Европската унија во 2024 година.