Полицијата овој натпревар го прогласи за „натпревар од висок ризик“, поради што беа распоредени дополнителни сили.
Според пишувањето на медиумите, „ултрасите на ПСЖ ќе го искористат натпреварот за да ја покажат својата поддршка за палестинската кауза“. Безбедносните служби ја истакнуваат и можноста локалните навивачи „да ги нападнат израелските навивачи во близина на стадионот.
Според израелската амбасада, околу 2.000 неизраелски навивачи на Макаби Хаифа „веројатно купиле места на трибините“. Сепак, нивната изолација меѓу навивачите на Париз може да создаде безбедносни ризици.
На еден час пред мечот, навивачите на Макаби Хаифа почнаа со дефиле низ улиците на Париз, што е уште една причина плус за стравување од големи навивачки нереди.