Челзи го совлада Салзбург на гостински терен со 2-1 и е сигурен патник во осминафинале на ЛШ. Каи Хаверц со прекрасен гол од 16 метри на асистенција на Кристијан Пулишиќ во 64-та минута ја обезбеди победата за Челзи откако Жуниор Адаму четири минути во вториот дел ја поништи првата предност на лондонските сини кои од 23-та минута имаа предност со прекрасниот гол на Матео Ковачиќ.

Челзи со победата сега дојде до 10 бода, четири повеќе од Салцбург, а шест од Милан и Динамо, кои вечерва во Загреб ќе играат во вториот меч од оваа група.

Севилја со 2-0 го победи Копенхаген за прв триумф во ЛШ сезонава и дојде до пет бода, два помалку од Борусија Дортмунд која е втора и вечерва го чека Манчестер Сити на домашен терен, во меч на кој им треба бод за да го завери осминафиналето.

За Севилја во последен момент да го дофати осминафиналето ќе треба Сити вечерва да победи, а потоа шпанскиот тим да ги победи „граѓаните“, а Дортмунд уште еднаш да загуби и тоа од Копенхаген.

Копенхаген еден час се држеше, по што потклекна откако Ел Несири во 61-та го отвори резултатот, а во самата завршница прво Иско во 88-та ја дуплираше предноста, за Монтиел во 90+2-та минута да стави печат на победата.