Лидерот во Примера не го дава лидерското место, вечерва со пет голови ја торпедира Севиља и ја постигна деветтата победа во Примера.

Фудбалерите на Барселона уште по првото полувреме речиси да ги обезбедија трите бода во дуелот против Севилја, откако во само 15 минути постигнаа три гола и стигнаа до недостижна предност.

Роберт Левандовски продолжува да решета, па два од овие голови беа негово дело, првиот од сомнителен пенал над Рафиња во 24. минута, а вториот беше третиот за неговиот тим во 39 минута. Помеѓу егзекуциите на полскиот интернационалец мрежата на гостите ја затресе Педри во 28 минута по одлична асистенција на одличниот Ламин Јамал.

Напаѓачот на Барса имаше можност и за хет-трик во кус период, но неговиот удар за голот број три го одбрани чуварот на мрежата на Севилја, Ниланд.

Точка на средбата стави 21-годишниот Пабло Торе со два погодока во самиот финиш и тоа во првите 15-тина минута откако влезе во игра. Идумбо беше стрелец на почесниот гол за гостите.

 

Барса повторно е на врвот на табелата со 27 бодови, три повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, а дури седум повеќе од Атлетико Мадрид.