Фудбалерите на Баерн играат на гости кај Келн во натпреварот од 19. коло на германската Бундес лига.

Баварците одлично го отворија натпреварот и веќе во 11. минута успеаја да дојдат до предност кога Левандовски погоди по асистенција на Милер.

Милер беше во центарот на вниманието 15 минути подоцна кога успеа да ја забележи втората асистенција на натпреварот.

Тој и Толисо одиграа фантастично двојно додавање кое тотално ги збуни дефанзивците на Келн, а потоа Толисо постигна одличен гол за 2:0.