Македонија пред 4 години играше против Црна Гора во нивниот прв и единствен дуел на Европските првенства. На 15 јануари 2018, во Загреб Македонија славеше со 29-28 над Црногорците многу тешко, со пресврт, за да го обезбеди пласманот во втората фаза од тој шампионат.
Две години подоцна нема да изостане неизвесноста и односот на силите е, речиси, ист, иако неоклку играчи ги нема. Кирил Лазаров, сега е покрај аут-линијата, не на теренот, Македонија тогаш играше и со Јоноски, Прибак, Филип Лазаров во својот состав, а токму последниот од нив тројца беше стрелец на победничкиот гол. Најефикасен на таа средба беше Филип Кузмановски, импресионирајќи со пет гола.
На ова првенство Македонија заврши прва пред Германија, Словенија и Црнагора.