Андриј Шевченко, легендарниот украински фудбалер, а подоцна и тренер на земјата, ја напушти тренерската позиција на италијанскиот прволигаш Џенова. Отказот официјално го објави моментално претпоследниот клуб на ранг-листата во Серија А, а Шевченко се прости од тимот откако го водеше само 11 натпревари.
Шевченко во ноември минатата година го наследи Давид Балардини на тренерската позиција. Во Серија А, Шевченко и клубот не остварија ниту една победа (три нерешени и шест порази), а само го одведоа тимот до победа од 1-0 во купот против Салернитана. Во купот Шевченко се прости од клубот со поразот на Сан Сиро од Милано 3:1 по продолженијата.
Горан Пандев добиваше шанса од Украинецот но најчесто тоа го правеше од клупата.
Да потсетиме, Шевченко како играч одигра многу натпревари и успеси во дресот на киевските Динамо, Милан и Челзи, а како играч на Милан (во два наврати) собра вкупно 324 настапи и постигна 175 голови.