Дефанзивецот Н’Голо Канте дефинитивно ќе го напушти Челси на крајот од сезоната, а можно е да замине од „Стемфорд бриџ“ и во јануари. Раководството на „сините“ не ни размислува да му понуди нов договор на Канте, а неговиот актуелен завршува во јуни.
Канте бара нова тригодишна соработка, а Челси стравува дека играчот за врска ќе има проблеми со повредите, како што се мачи на почетокот на оваа сезона.
Приходите на Канте се близу 10 милиони евра по сезона, па едноставно не сакаат да ризикуваат на Стемфорд Бриџ.
Претходно Канте беше поврзуван со ПСЖ, но тој самиот наводно не е заинтересиран, а не ни размислува за Франција. Токму затоа како главни опции се издвојуваат Арсенал, Тотенхем и Интер.
Со оглед дека Канте би дошол како слободен агент, сите тие секако се заинтересирани за одличниот играч за врска на Челси.