Денеска во петтото коло од квалификациите за СП во Катар и гостуваме на селекцијата на Исланд. Ова ќе биде трето наше гостување во Рејкјавик.

На гостувањата со Исланд немаме победа и досега сме забележеле едно реми во 1996 година и еден пораз во 2008 од 1:0.

Последниот меч кој го одигравме беше во Скопје во 2009 кога ги освоивме трите бода со резултат од 2:0. Головите ги постигнаа Ацо Стојков на асистенција на Филип Деспотовски и конечните 2:0 Филип Ивановски на асистенција на Влатко Гроздановски.