Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ патува во осминафиналето на Грен Слем турнирот во САД, откако во возбудлив натпревар со пресврт славеше над Кеи Нишикори со 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-3, 6-2).
Ноле го загуби првиот сет во тајбрејкот, меѓутоа во вториот го пронајде ритамот и го надигра противникот со што го изедначи резултатот 1:1 (6:3 во сетот). И во третиот сет Новак беше надмоќен и за 55 минути го доби со 6:3. Нишикори падна во играта, а Ѓоковиќ искусно го зададе последниот удар и го победи противникот.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со поробриот од дуелот Аслан Карацев и Џенсон Броксби.