Третиот тенисер во светот Александар Зверев експедитивно е елиминиран од Мастерсот во Индијан Велс.
Германецот беше поразен од 39. играч во светот , Томи Пол во три сета со 6:2, 4:6, 7:6 (2).
Италијанецот Матео Беретини му одолеа на Данецот Холгер Руне и славеше во три сета 6:3, 4:6, 6:4.
На Шпанецот Хауме Мунар му беа потребни три сета да го елиминира својот сонародник Пабло Карено-Буста со 4:6, 6:4, 7:6 (4).
Два сета беа доволни на Американецот Френсис Тиафо, Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров.
Тиафо беше подобар од сонародникот Брендон Накашима со 6:4, 6:4, додека Де Минор го победи својот сонародник Џон Милман со 7:6 (4), 6:3.
Димитров го победи третиот Австралиец Џордан Томпсон со 7:6 (3), 6:2.
Во понеделник вечер на теренот ќе излезат Карлос Алкарас, Данил Медведев и Рафаел Надал.