Венецуелската атлетичарка Јулимар Рохас постави светски рекорд во трискок на првенството во сала во Белград

Таа прескокна 15,74 метри, што е рекорд и на отворено и во затворени услови.

Рохас го подобри претходниот рекорд за цели 31 сантиметар или „само“ за седум рекордот на отворено.

Пред да дојде во Белград, Рохас вети дека ќе го собори светскиот рекорд, а четирикратната светска и олимписка шампионка тоа го направи во шестата серија.

Рохас пред ова имаше еден одличен обид, но направи престап. Сепак, се чини дека не беше ни блиску до последниот скок.

Таа ја остави првата придружничка цел метар зад себе, а тоа е атлетичарката од Украина, Марина Романчук. Трета заврши Јамајканката Кимберли Вилијамс.

https://twitter.com/marca/status/1505514240022564867?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1505514240022564867%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fatletika%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D20nav_id%3D2125511