Британски „Сан“ ја објави својата насловна страница за понеделник, која веќе привлече големо внимание.
На него е првотимецот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој си ја „отвори душата“, додека насловот гласи: „Јунајтед ме предаде“.
Роналдо работеше со тројца менаџери во Јунајтед и прво се осврна на нив.
За Оле Гунар Солскјер нема многу што да каже, но го почитува Норвежанецот, додека за Ралф Рангник и Ерик тен Хаг нема убави зборови.
„Ако не си ни тренер, како ќе бидеш шеф на Манчестер Јунајтед? Никогаш не сум ни слушнал за него“, изјави Роналдо за Рангник.
Не го почитувам затоа што не ме почитува мене.
Тој се осврна и на критиките упатени кон него од Вејн Руни.
“Не знам зошто толку жестоко ме критикува. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам подобро од него. Но тоа е вистина…” изјави Роналдо .
Португалецот вели дека ништо не се сменило на подобро откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти клубот.
„Напредокот е нула. Клубот не еволуираше. Ништо не се смени“.
Тој истакнува дека Јунајтед е далеку од ривалите, како Сити, Ливерпул, Арсенал.
„Мислам дека навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот, затоа дојдов во Јунајтед. Но, има некои работи кои не ви помагаат да стигнете до врвно ниво како Сити, Ливерпул, Арсенал. Клуб од оваа големина треба да биде на врвот, но за жал не е“, изјави Роналдо.