Ливерпул и Тотенхем одиграа нерешено 1:1 во 36 коло во Премиер лигата, а најрадосен од ваквиот епилог е Манчестер Сити. Кореанецот Хјонг Мин Сон погоди за 0-1 во 56.минута а Луис Дијаз израмни во 74.минута. И покрај притисокот на „црвените“ во судиското продолжение, Спарс можеа да дојдат до трите бода ако Пјер-Емил Хојбер решеше со глава да бие во голот на Ливерпул наместо да го проигрува Хари Кејн.
Ливерпул со овој бод се израмни со Манчестер сити на врвот со 83 бодови, но „граѓаните“ утре го играат својот натпревар со Њукасл и ако победат можат да направат огромен чекор кон одбрана на титулата.