Уругвај го објави конечниот ростер за Светското првенство во Катар (20 ноември до 18 декември) , a
во него се Роналдо Араухо кој се опоравува од операцијата и Единсон Кавани кој е повреден.
Араухо, столбот на уругвајската одбрана, беше опериран на бутот по повредата здобиена во септември и полека се опоравува. Покрај Араухо и Кавани, на списокот се и ветераните Луис Суарез и Диего Годин за кои речиси сигурно ова ќе биде последен настап на Мундијалите.
Кавани (35) има постигнато четири гола во седумте првенствени натпревари за Валенсија оваа сезона, но се соочува со трка со времето за да се опорави од повредата на глуждот на помалку од две недели до отворањето на Уругвај против Јужна Кореја.
Во групата Х, покрај Уругвај и Јужна Кореја, се и Португалија и Гана.
Список на репрезентативци
Голмани: Фернандо Муслера (Галатасарај), Серхио Роше (Национал), Себастијан Соса (Индепендиенте)
Одбрана: Хозе Марија Хименез (Атлетико Мадрид), Себастијан Коaтeс (Спортинг КП), Диего Годин (Велез Сарсфилд), Мартин Касерес (ЛА Галакси), Роналд Араухо (Барселона), Гиљермо Варела (Фламенго), Хозе Луис Родригез (Национал), Матијас Оливера (Наполи), Матиас Вина (Рома)
Среден ред: Лукас Тореира (Галатасарај), Мануел Угарте (Спортинг КП), Матиас Весино (Лацио), Родриго Бентанкур (Тотенхем), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Факундо Пелистри (Манчестер Јунајтед), Николас Де Ла Круз (Ривер Плата)
Напаѓачи: Агустин Канобио (Атлетико Паранаенсе), Факундо Торес (Орландо Сити), Џорџин Де Араскаета (Фламенго), Макси Гомез (Трабзонспор), Луис Суарез (Национал), Единсон Кавани (Валенсија), Дарвин Нуњез (Ливерпул)