Реал Мадрид 14. коло го заврши со очекуваната победа против Кадиз .
Во последниот натпревар од 14. коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал на својот Сантијаго Бернабеу го победија Кадиз со 2:1.
Германскиот фудбалер Тони Крос беше прво име на натпреварот кој најпрво асистираше за Едер Милитао во 40. минута за 1:0, додека во 70. минута Крос постигна фантастичен гол за 2:0. Германскиот играч за врска со фантастичен удар од 20 метри извонредно погоди за да му донесе предност на својот тим од два гола.
Во 79. минута се можеше да се реши, но хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го промаши празниот гол на гостите од три-четири метри. Многу брзо следеше казната, гостите во 82. минута со голот на Лукас Перез намалија на 1:2. Кадиз можеше да освои и бод, но Еспино не погоди во судиското надополнување.
Реал со оваа победа ја намали разликата зад лидерот Барселона. Мадриѓаните ја постигнаа единаесеттата победа сезонава и заостануваат два бода зад Каталонците. Кадиз остана претпоследен на табелата.