Готово е, и официјално е. Фановите на Реал Мадрид се во екстаза. „Кралевите“ го победија ПСЖ во битката за Орелиен Чуамени и тој од денеска и официјално е нов член на најголемиот клуб во светот.

За него Дон Флорентино Перез плати 80 милиони евра, тука не ги сметаме оние сум кои треба да се дадат за разните бонуси и секако платата на младиот играч за врска.

Инаку овој трансфер на Чуамени од Монако во Реал, по платени пари за отштета, е четврти најскап во историјата на клубот од Мадрид. Само за тројца фудбалери Реал платил повеќе.

Ова се ТОП – 10 најскапи трансфери во историјата на Реал Мадрид:

ТАБЕЛА

1.Еден Азар 115 милиони евра

2.Герет Бејл 101 милиони

3.Кристијано Роналдо 94 милиони

4.Орелиен Чуамени 80 милиони

5.Зинедин Зидан 77,5 милиони

6.Хамес Родригез 75 милиони

7.Кака 67 милиони

8.Лука Јовиќ 63 милиони

9.Луис Фиго 60 милиони

10. Едер Милитао 50 милиони