Наполи вчера со 3:0 ја победи Легија, а македонскиот фудбалер Елиф Елмас беше стартер на натпреварот и беше асистент за последниот гол. Ова е втор натпревар по ред како Елмас е во улога на асистент за својот тим.
„Кога имате толку офанзивни фудбалери, може да барате начин како да го скршите отпорот на противникот. Со Осимен, Мертенс и Инсиње на теренот работите стануваат полесни да се најде тој момент на теренот. Елмас многу работеше и фудбалери со таков однос за тренерот е едноставно. Среќен сум затоа што мислам дека тешко е да одиграме подобро од тоа што го направивме. Покажавме дека сме заинтересирани за Лига Европа“, изјави Спалети.
Наполи со вчерашната победа го избегна последното место и се искачија на втората позиција.