Несторовски веќе две години игра за Удинезе, но откако дојде на „Дачија Арена“ не добиваше премногу шанса, а пред повеќе од еден месец се врати на терените по седум месечна пауза по повредата на коленото, но дури вчера во Купот на Италија првпат доби поголема шанса да игра.
Од поодамна се најавува можност Несторовски да си замине од Удинезе и повторно да игра во Серија Б, а сега еден од тие што посебно го сакаат Несторовски да дојде на „Енио Тардини“ е Џузепе Јакини, неговиот порашене шеф од 2016 година од Палермо.
„Имам идеја за засилувања, а посебно ми се допаѓа Несторовски, кого Јакини многу добро го знае и ќе ни биде големо засилување“, вели Манфредини.
Ако се случи ваков трансфер, Несторовски ќе биде соиграч со легендарниот Џиџи Буфон, кој иако веќе влезе длабоко во петата деценија од животот, брани на врвно ниво.