Откако по 90 минути Севиља одолеа на подобриот противник и го сочува резултатот на 1-1, немаше нерви и концентрација за совршена пенал серија, па Манчестер сити ја доби со 5-4 за да го додаде во својата колекција првиот пехар од Супер купот на УЕФА.
Трагичар беше српскиот дефанзивец Немања Гудељ погодувајќи ја пречката во последниот, десетти пенал, откако дотогаш голманите, речиси, да не ја ни допреа топката.
Претходно, Севиља беше таа која поведе со голот на мароканскиот репрезентативец Јусеф Ен-Несири во првото полувреме, а истиот фудбалер имаше зицер за 2-0 во почетните минуди од вториот дел. Тогаш Едерсон одбрани и означи почеток на комплетна опсада на премиерлигашот. Израмнувачкиот гол дојде преку младиот Кол Палмер, исто така со погодок со глава, како и Ен-Несири. Имаа „граѓаните“ уште шанси и целосна доминација, но не успеаја да изедначат.