Интер Мајами неодамна го освои Лига купот, а новиот клуб на аргентинскиот ас Лионел Меси успеа да се пласира во уште едно финале, од УС Опен купот.

Фудбалерите на Интер Мајами по подобро изведување на пенали го елиминираа својот ривал од Синсинати.

Регуларниот дел заврши со резултат 3-3, Меси гозаврши натпреварот со две асистенции, а погоди и при изведувањето пенали кое Интер го доби со 5-4.

https://youtu.be/9_F4djbrDq4

За трофејот на УС Опен, Интер Мајами ќе ги одмери силите со Дајнамо Хјустон.