Стратегот на Барса, Чави Ерандез беше бесен на судењето по натпреварот на Барселона кај Хетафе кој заврши без голови 0-0.
Натпреварот беше тензичен, Рафиња заработи црвен картон во финишот од првото полувреме, Хаиме Мата беше исклучен на почетокот од вториот дел кај Хетафе. А во второто полувреме црвен му беше покажан и на Чави поради протестите кон судиите.
Најконтроверзниот момент се случи длабоко во судиското продолжение од мечот кога се гледаше ВАР снимка дали да биде досуден пенал за Барселона по фаул врз Араухо.
По долго прегледување беше решено дека има игра со рака од Гави пред да се случи фаулот врз Араухо.
„На судијата му кажав дека тој им дозволува на нив да прават многу фаули, а на нас не, затоа ме исклучи. Претходниот ден имавме состанок со судиите и една од првите промени беше дека тие ќе имаат поголемо разбирање за тренерите бидејќи има голема тензија врз нас. Моето исклучување не беше важно, ние се обидовме на секој начин против многу тврд противник. Освоивме само бод и тоа е голема штета“, рече Чави.
Тренерот на Барселона ја прокоментира контровезната одлука за недосудениот пенал.
„Никаде не видов играње со рака. Доколку играњето со рака не се гледа јасно, тие не треба да го судат, ни рекоа дека такво е правилото. Според мене, раката е измислена. Судијата измисли играње со рака. Сите можеа да го видат тоа. На состанокот рекоа дека ќе судат рака само кога ќе видат дека тоа е чисто играње со рака, денес не видов дека имаше чисто играње со рака“.
Чави најверојатно ќе добие суспензија и за овие остри зборови кон судиите, не само за црвениот картон за кој беше исклучен.