Манчестер Сити го совлада Арсенал во Лондон со 2:1 во првиот натпревар во 2022 година во Премиер лигата.
Решавачкиот гол Родри го постигна во продолжението, а многумина сметаат дека „топчиите“ заслужиле повеќе.
Дури и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се согласува.
„Тие беа подобри. Арсенал беше подобар тим денес. Да. Немавме енергија, имавме многу патувања. Не бевме на нивото потребно за денешниот ривал. Арсенал е во фантастичен момент – во претходните години тие се мачеa да влезaт во првите четири тима на табелата, а оваа сезона почнаа на дното на табелата. Потоа ја свртеа сезоната и ја чувствувате енергијата, врската помеѓу навивачите и играчите на Арсенал. Не можевме им парираме а мечот го решија – црвен картон, пенал … Фудбалот е тешко да се анализира бидејќи понекогаш е толку непредвидлив. Против Лестер имавме 4:0, а набрзо беше 4:3. Особено во овој период често има пресврти – има повреди и ковид “, изјави Гвардиола по натпреварот и додаде:
“На крајот натпреварот го реши неверојатниот пас на Кевин Де Брујн и големата борба на Родри. Арсенал е одличен тим со Сака, Лаказет, Смит-Роу. Тие го покажаа тоа денес, видовме се. Се согласувам дека сите сомнителни ситуации треба да ги земе во предвид ВАР, но морам да кажам дека не го видов видеото за двата пенали – оној над Одегард кој не беше досуден и оној над Бернардо Силва“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.