Болоња се покажа како цврст противник, но Аталанта ги скрши домаќините во 82. минута преку Мустафа Сисе, по што постигна уште еден погодок преку Пашалиќ, но истиот беше поништен поради офсајд.
Аталанта има 51 бод, колку и Рома, додека пред нив е Јувентус со 59, а Интер има 60 бода на третата позиција. Наполи е втор со 63, додека Милан е лидер со 66.