Поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, Миодраг Јешиќ загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила меѓу Рума и Јарак во Србија.
Несреќата се случила во претпладневните часови кога Јешиќ изгубил контрола врз неговото возило, преминал на спротивната лента и удрил директно во камион.
Јешиќ ја почна сениорската кариера во редовите на „црно-белите“, каде што играше од 1980 до 1985 година, а потоа се пресели во Турција и настапуваше за Алтај и Трабзонспор, по што во српскиот гигант се врати во 1991 година, додека неговата кариера ја заврши три години подоцна во Алтај.
За време на тренерската кариера предводеше голем број клубови во Србија и странство, а на клупата на „црно-белите“ беше во два мандати, и тоа во сезоната 1999/00 и 2006/07.