Тимот на Сан Антонио синоќа во рамките од новото коло во НБА лигата, изненадувачки го совлада Голден Стејт на негов терен со 108:110. Иако се очекуваше победа на фаворитoт на овој меч сепак гостите одиграа добро во текот на сите четири четвртини и заслужено триумфираа.

Ричардсон беше најдобар поединец со 25 поени, додека пак Мареј додаде свои 19 кај победничкиот тим. Пул од другата страна најјефикасен на целиот меч со 28 коша, а Клеј Томпсон додаде четири помалку.

Голден Стејт и натаму е трет на истокот со 49 победи од 72 меча, додека пак Сан Антониот е далеку од местата за плеј оф со само 28 триумфи сезонава.

 

Резултати:

Њујорк – Јута 93:108

Денвер – Бостон 104:124

Голден Стејт – Сан Антонио 108:110

Филаделфија – Торонто 88:93