Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц е целна мета на гигантите Баерн и Барселона, пренесуваат германски медиуми.
Виртц е олраунд играч, може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најталентираните и најбараните германски фудбалери. Барселона веќе некое време го следи, а медиумите пренесуваат дека сега во трката се вклучи и германскиот шампион Баерн.
Баварскиот тим сака да ја гради иднината околу Виртц и уште еден 20-годишен играч, Џамал Мусиала, кој во Минхен пристигна во 2019 година од Челзи. Сепак, младиот германски плејмејкер има долгорочен договор со Баер Леверкузен и најверојатно за неговиот трансфер гигантите ќе треба да платат вистинско богатство.
Виртц досега има 113 настапи за Баерн и постигна 26 гола, а забележа и 11 настапи за германската репрезентација.