Во еден од најважните натпревари оваа сезона од бразилската лига кој се одигра синоќа помеѓу Ботафого и Гремио свое шоу имаше уругвајскиот голгетер Суарез. Во „луд“ натпревар Гремио победи со 4-3 на гостински терен, а блескаше Луис Суарез.
Ботафого, лидерот во бразилската лига, водеше со 3-1 до 50. минута, а потоа следуваше шоуто на легендарниот Луис Суарез.
Уругваецот, кој во јануари ќе го прослави 37. роденден, за 20 минути постигна хет-трик и се погрижи за неверојатен пресврт.
Така Суарез го постигна својот 14. гол оваа сезона, а Гремио се израмни на врвот на табелата со Ботафого и со Палмеирас.
Ботафого има натпревар помалку, како и четвртопласираниот Брагантино, кој исто така има бод помалку.
https://twitter.com/i/status/1722784002065498357