На пат кон аеродромот имало дојавено дека на автобусот се подготвува ракетен или бомбашки напад поради што фудбалерите морале да го напуштат превозното средство и да се тргнат настрана. Дојавата дошла кога се наоѓале среде автопат, па запрен беше сообраќајот за тие да се засолнат.
Поради одложените натпревари во октомври, Израел го очекуваат четири натпревари овој месец во периодот од 12 до 21 ноември и покрај Косово, треба да игра против Швајцарија, Романија и Андора.