Екипата на Атлетик Билбао во луд натпревар оствари драматична победа над Селта Виго(4-3) на домашен терен кога Аксел Беренгер постигна гол од пенал во 98.минута од дуелот.
https://twitter.com/i/status/1723099144879776013
Голеадата во Билбао донесе голема возбуда. Првиот дел заврши 2-2, гостите двапати водеа со головите на Иаго Аспас и на Бамба, а домашниот тим израмнуваше преку Санцет, односно Гурузета.
https://twitter.com/i/status/1723093691173134428Гурузета во 52.минута се погрижи за пресврт, но израмни повторно Ларсен во 66.минута, а шест минути подоцна Иаго Аспас не искористи пенал. И наместо победа и триумф на Селта за три големи бода, на крајот се радуваа домашните фудбалери.
Во судиското продолжение, за разлика од напаѓачот на Селта, домашниот фудбалер Аксел Беренгер беше успешен реализатор на најстрогата казна и донесе важен триумф за Атлетик Билбао.