Малку фалеше да се одложи денешниот натпревар од турската фудбалска лига помеѓу Ризеспор и Трабзонспор, откако градот Ризе беше погоден од снежен бран, а теренот на стадионот каде што треба(ше) да се игра мечот беше покриен со снег.

Средбата не почна во планираниот термин од 18 часот и кога сите помислија дека ќе биде одложена, во улога на спасители се јавија навиваите на домашниот тим. Тие брзо реагираа и се симнаа долу да помогнат околу чистењето на снегот.

Акцијата за чистење заврши успешно па дуелот почна со дваесетминутно задоцнување.