Во три европски држави Хрватска, Данска и Норвешка ќе се одржи 29. Светско ракометно првенство на кое одново учество обезбеди и Македонија.
Бранител на титулата е селекцијата на Данска, која ќе атакува на четвртатата последователна светска титула, но за првпат без големата ѕвезда Микел Хансен.
На Мундијалот ќе учествуваат 32 селекции, во осум групи од прелиминарната рунда. Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во главната рунда, додека осумте елиминирани селекции ќе настапат во „Президент Купот“.
Група Д: Македонија, Холандија, Унгарија, Гвинеја
Нашиот ракометен национален тим 14-та година по ред ќе игра на големата сцена. Тимот учествува на сите ЕП или СП од 2012 година до денес, што е навистина импресивна низа. За првпат во историјата, Сите наши ракометари играат во домашното првенство, а костурот е од Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар. Вараждин буди убави спомени за Македонија.
Имавме среќа да се паднеме во група која се игра во Вараждин во Хрватска, па нашите најдобри ракометари се очекува и овој пат да имаат солидна поддршка од трибините.
Досега се продадени околу 1.000 влезници за македонски навивачи на неколку денови пред стартот на Мундијалот. Македонските фанови т.е. „Фалангата“ повторно треба да биде осми играч на ракометарите, а одредени се и две фан-зони навивачите ќе се „загреваат“ со пиво пред натпреварот.
Се работи за два паба во Вараждин. Еден е под името „Craft Beer Bar“ а се наоѓа на околу три километри од „Арена Вараждин“. Локацијата на оваа фан-зона погледнете ја на ОВОЈ линк.
Се организира фан-зона и во локалот „Medina Škrinja/CRAFT PLATZ“, а неговата локација можете да ја погледнете на ОВОЈ линк.