Шефот на Саудиската Про лига, Омар Мугарбел, има надеж дека бразилскиот напаѓач од Реал Мадрид, Винисиус, ќе направи трансфер во некој од клубовите во Саудиска Арабија.

Во изјава за шпанска „Марка“, Мугарбел рече дека е прашање на време кога ќе започнат преговорите за негов трансфер.

„Ние не сонуваме, тоа е прашање на време“, изјави Омар.

Саудијците минатиот ноември му понудија на Винисиус неверојатни пет милијарди евра.
Во случај да се реализира овој договор, Винисиус Жуниор би станал најплатениот фудбалер во историјата на фудбалскиот спорт.  Моментално, највисоката плата ја има португалецот Кристијано Роналдо (39), кој во Ал-Наср заработува 263 милиони евра годишно.

Според „Фут Меркато“, Винисиус би добил за петгодишен договор, милијарда евра по сезона, што е невиден износ во светот на фудбалот.