Јапонскиот репрезентативец Кубо е најдобар играч на Реал Сосиедад, а овој статус го оправда и во дербито на 19-то коло во шпанската Ла Лига.

Екипите на Реал Сосиедад и Вилјареал одиграа доста неизвесен натпревар на „Аноета“, а главен актер беше Кубо кој изведе неверојатна фудбалска мајсторија уште на стартот на вториот дел.

Баскискиот тим треба да биде горд што во своите редови има фудбалер со квалитети како на Кубо, бидејќи поранешниот голем талент на Реал Мадрид се труди да направи предност за својот тим на речиси секој дуел.

Сега претрча дури 70 метри и издржа два дуела со дефанзивците, пред да постигне мајсторски гол, а пред да го совлада голманот на Вилјареал, имаше еден дриблинг во стилот на Лионел Меси.

Соло акцијата на Кубо потсетува на славниот Аргентинец, па затоа воодушевени на социјалните мрежи се и неутралните фудбалски фанови кои го следеа мечот на „Аноета“.