Во „Куќата на фудбалот“, денеска беа извлечени 1/4 финалните парови во Купот на Македонија. Вечните ривали, Пелистер и Вардар ќе се соочат во меѓусебна пресметка за место меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето.

Актуелниот победник во Купот на Македонија, тимот на Силекс во Кратово ќе ја пречека Брегалница. Шкендија ќе се соочи против Струга Трим Љум, додека во Ѓорче Петров Македонија ќе го предизвика Шкупи.

Четвртфинални парови во Купот на Македонија

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА ШТИП

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЉУМ

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШКУПИ

Натпреварите ќе се одиграат на 24. ноември со почеток од 13:00 часот.