Италијанскиот вицешампион Интер е заинтересиран да го купи фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалјос, пренесуваат италијанските медиуми. Тој има понуда и да остане во Мадрид, но знае дека не би имал голема минутажа, како и сезонава што измина.

За Себалјос е заинтересиран и Бетис, но последните информации говорат дека кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.

Интер сака да го засили средниот ред, а Инзаги верува дека Шпанецот би можел да биде идеална алтернатива за Марсело Брозовиќ. Реал за него бара отштета од 15 милиони евра.