Енди Мареј победнички стартуваше на Вимблдон откако го елиминираше Џејмс Дакворт во четири сета во рамки на премиерното коло.
Двократниот шампион на грен слемот го загуби првиот сет со 4-6, но потоа се врати со 6-3, 6-2 и 6-4 за пласман во втората рунда.
Следен ривал на Британецот ќе биде дваесетиот носител Џон Изнер, кој денеска играше пет сета против квалификантот Енцо Кукод.