Италијанската скијачка Софија Гоџа е победничка во супервелеслаломот од Светскиот куп кој се одржа во Лејк Луис .
Таа ја постигна третата победа во последните три дена во овој канадски ски-центар.
Откако во петокот и саботата беше најдобра во спуст, денеска славеше и во супервелеслалом.
Гоџа победи со резултат 1:18.28, победувајќи со 11 стотинки подобро време од Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Трета беше Австријката Миријам Пучнер со 44 стотинки заостанување.
Олимписката победничка во спуст стана само третата скијачка кој славела три дена по ред во Лејк Луис. Пред неа тоа им успеа на Американките Линдзи Вон и Германката Катја Зајцингер.
Вон го постигна престижниот хет-трик прво во 2011 година, потоа една година подоцна и во 2015 година, додека Зајзинџер трипати победи во Лејк Луис во 1997 година.
Во генералниот пласман на Светскиот куп води Американката Микаела Шифрин, која денеска беше шеста со вкупно 405 бодови. Втора е Словачката Петра Влхова со 340 бодови, додека Гоџа е на третото место со 315 бодови.
Во поредокот за супервелеслалом, Гоџа води со 100 бодови пред Гут-Бехрами (80) и Пучнер (60).