Фудбалерите на Кадиз ја прекинаа серијата од седум последователни првенствени победи на Реал Мадрид, играјќи на Сантијаго Бернабеу во Мадрид 0:0 против водечкиот тим во Ла Лига.
Реал на последните десет настапи оствари вкупно десет победи, ако се додадат три победи во Лигата на шампионите.
Кралскиот клуб имаше иницијатива во текот на целиот натпревар, упатувајќи 36 удари кон голот на гостите, но аргентинскиот голман Џеремијас Ледесма остана несовладан. Само за илустрација за немоќта на гостите е тоа што имаа само четири удари кон голот на Куртоа.
Во тимот на Карло Анчелоти немаше неколку фудбалери поради позитивните тестови на Ковид 19.
Реал Мадрид се уште има убедлива предност од шест бода пред второпласираната Севиља и дури десет бода повеќе од третопласираниот Бетис.