Шпанскиот тенисер Рафаел Надал славеше со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-5 против Каспер Руд и така ја заврши годината, откако претходно беше елиминиран од завршниот турнир во Торино, па последниот меч немаше поголема важност за него.
Надал во првиот сет имаше незгодна ситуација во деветтиот гем кога мораше да спасува две брејк-топки, по што во 12. гем направи брејк за да стигне до 7-5 по 50 минути игра.
И во вториот сет немаше многу брејк шанси, а повторно Норвежанецот потклекна во 12. гем и Надал го доби сетот со 7-5 за да го запише првиот триумф на турнирот.
Руд веќе обезбеди место во полуфиналето, а вечерва по дуелот меѓу Оже-Алиасим и Фриц ќе се дознае кој ќе му се приклучи.