Хаким Зијеш постигна извонреден гол за Мароко против Грузија и погоди од половина терен.

Една од главните ѕвезди кај Мароканците мудро ја искористи ситуацијата при една загубена топка на Грузијците, виде дека Мамардашвили е излезен од голот и го лобуваше со проектил од над 50 метри.

 

Тоа беше вториот гол на мечот и Мароко има убедливи 2:0 против Грузија на пријателскиот меч пред Мундијалот.

Мароко е во Ф групата со Белгија, Хрватска и Канада.