Удинезе и Сасуоло ремизираа 2-2 во пресметка кога сите четири гола беа постигнати во извонредното прво полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа. Удинезе на двапати имаше водство, но Сасуоло успеваше да изедначи.
Удинезе го освои 30-от сезонски бод за да се израмни со седмиот Торино, а Сасуоло ја продолжи серијата од четири меча без пораз, па сега има 24 бода и влезе во мирни води, со дури десет бода пред Верона, која е прва во опасната зона за испаѓање.
Удоги уште во 26 секунда од првата минута, даде гол за водство на Удинезе по асистенција на Биjол, а Матеус Енрике израмни во шестата. Биjол по вторпат го донесе Удинезе во водство во 28-та мин. по асистенција на Лука Самарџиќ, но Нехуен Перез си даде автогол во 45+1-та минута за Сасуоло вторпат да израмни.
Во вториот дел, и двата тима не направија одлучувачки чекор за трет гол и победа, па се задоволија со по бод, особено Сасуоло кој немаше директен удар во рамките од голот, додека Удинезе имаше три шута, но ништо конкретно за да дојде до триумф.