Нашиот северен сосед Срција во недела од 20:45 часот во Лисабон го игра најважниот натревар од овие квалификации. Потребна им е победа над Португалија за да обезбедат директен пласман на Светското првенство во Катар.
Пред да полетаат за Лисабон претседателот на Србија Александар Вучиќ се качи во авионот, ги поздрави фудбалерите и стручниот штаб и вети награда доколку изберат директен пласман на Светското првенство во Катар. Таа изнесува еден милион евра.
– Дојдов да ви кажам колку ја почитуваме вашата работа на терен, и во договор со Владата на Србија ќе ви издвоиме како дополнителна премија од милион евра ако ги победите. Ќе го почитуваме каков и да е резултатот доколку се борите и дадете се од себе. Знаеме дека тоа ќе го направите – рече Александар Вучиќ во своето обраќање до фудбалерите.