Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го коментираше поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал, кому му честиташе, но и истакна дека не видел знаци на повреда кај Надал, за што многу се зборуваше за многу.
Трет грен слем турнир во низа минува без триумф на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во четвртфиналето се прости од потенцијалната 21. титула на големите турнири на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ уште еднаш мораше да му признае на Рафаел Надал дека несомнено е подобар на земја откако Шпанецот победи со 6:2, 4:6, 6:2, 7:6 (4).
Во текот на 2021 година, Ѓоковиќ ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон во низа. Но, следеше убедлив пораз во финалето на УС Опен од Данило Медведев, тој годинава не настапи на Австралија опен поради комплетниот циркус создаден околу бакцинацијата на српскиот тенисер, а сега Ѓоковиќ нема да го види полуфиналето во Париз.
,,Честитки за Надал.Тој беше подобар од мене и заслужи да победи,посебно затоа што успеа да го подигне нивото на својата игра во третиот и четвртиот сет.Имав мои шанси,можев и морав да го освојам четвртиот сет.Да се влезеше во петти сет , овој меч можеше секако да заврши .Тој покажа зошто е голем победник“, изјави видно депресивниот Ѓоковиќ по мечот.
Инаку, четвртфиналниот меч на Ѓоковиќ започна слабо и речиси незаинтересирано. После тоа се пробуди. Заигра многу подобро, почна да покажува емоции, но сето тоа заврши со неговиот нов пораз од Шпанецот во Париз.
“Да, ова се натпревари кои предизвикуваат многу емоции кај вас. Можев да одиграм подобро, тоа е сигурно, но можам да бидам задоволен бидејќи се борев до последниот поен. Дадов се што имав”.
Пред и по мечот многу се зборуваше за повредата на стапалото на Надал, која ја коментираше и самиот Ѓоковиќ.
,,Ништо од тоа не ме изненади и не е прв пат. Се зборува за големи проблеми, а ништо од тоа не видов на теренот“, изјави Ѓоковиќ, кој наскоро ќе падне од првото место на АТП-листата.