Алавес оствари многу значајна победа на домашен терен (2-1) против Вилјареал. Домаќинот грчевито се бори за опстанок, додека Вилјареал со мислите е на реваншот против Ливерпул во полуфиналето на ЛШ.

Лагвардиа и Ескаланте по половина час обезбедија два гола предност за Алавес, а Чуквуезе намали на почетокот на вториот дел. Сепак, бодовите останаа за Алавес.